Обама со министрите за одбрана на 20 земји ќе дискутираат за борбата против исламистите

Претседателот на САД, Барак Обама и командантите на американската војска денеска во Вашингтон ќе одржат состанок со министрите за одбрана на повеќе од 20 земји кои учевствуваат во борбата против џихадстите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

На состанокот ќе присуствуваат највисоки воени претставници на арапските земји кои се приклучуваат на САД во борбата против ИС.

Обама на овој состанок ќе се обиде да и докаже на американската јавност и сојузниците дека се посветени на планот на уништување на ИС, милитанти кои заземаа делови од Ирак и Сирија.

На состанокот на кој ќе се разговара за активностите на коалицијата против ИС ќе претседава началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД, Мартин Демпси.