Обама со предлог за поголеми даноци за најбогатите

Американскиот претседател Барак Обама сака да ја подигне даночната стапка за најбогатите Американци и големите финансиски компании, за да ја зајакне средната класа, пренесе МИА.

Предлозите, изнесени на прес-конференција во Белата куќа, веројатно нема да бидат одобрени од Конгресот, што го контролираат републиканците.

Обама ќе ги изнесе предлозите во вторник, за време на годишниот говор.

Американскиот претседател укажува дека сака да обезбеди богатите да го платат својот фер дел од даноците за затворање на дупките во даночниот закон, кои овозможуваат стотици милијарди долари да не одат во даночните фондови.