Свет

Обама: Со Путин имам прагматичен однос

Обама: Со Путин имам прагматичен однос

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека тој и неговиот руски колега Владимир Путин имаат прагматичен однос заснован на почитување, иако Путин можеби настојува при заедничко појавување да дејствува како „тврдо момче“

„Не би можел да кажам дека нашиот однос е ладен,“ изјави Обама во интервју со водителот на ТВ НБЦ Боб Костаc, како дела од прилогот за ЗОИ во Сочи.

„Тој има таков стил да се навали на столчето и изгледа како малку да се досадува на снимките на билатералните средби.Имам чувство дека има навики да остава впчеаток на „жестоко момче“ дома.Американските политичари имаат различен стил. Ние настојуваме повеќе да се смешкаме,“ изјави Обама во интервјуто кое ќе биде емитувано денеска.

Според американскиот претседател, на средбите главно се сосредочуваат на прашања за двете земји.

„Вистина е дека разменуваме мислења, има многу хумор и двајцата многу даваме и добиваме. Спрема мене секогаш се однесува со најголемо уважување,“ изјави Обама.

Тој додаде дека Вашингтон прави се што може да им помогне на спортистите на Олимписките игри во Сочи за да се чувствуваат безбедни, бидејќи степенот на безбедност е подигнат на највисоко ниво.