Обама: Велика Британија е најдобра кога е лидер на силна Европа

Обама: Велика Британија е најдобра кога е лидер на силна Европа
Обама: Велика Британија е најдобра кога е лидер на силна Европа

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека членството на Велика Британија во Европска унија го зајакнува влијанието на Лондон во светот, додавајќи оти исходот од британскиот референдум за останувањето во ЕУ е во сериозен интерес за САД, кои имаат корист од тоа Велика Британија да биде просперитетна преку членството во Унијата.

– Велика Британија е најдобра кога е лидер на силна Европа, изјави Обама по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Американскиот претседател додаде дека пристапот до голем пазар, како што е ЕУ има огромен ефект и доколку Велика Британија ја напушти Унијата, евентуално би можело да дојде до трговски договор меѓу двете земји, но во тој случај Лондон би бил на крајот на редот за таквиот договор.

Камерон наведе дека е разумно да се послуша мислењето на пријателите за референдумот.