Обама: Верувам дека Олимпијадата во Сочи ќе биде безбедна

Американскиот претседател, Барак Обама, изразил уверување дека Зимските олимписки игри во Сочи ќе бидат безбедни и дека сите Американци кои имаат желба да одат на тоа натпреварување тоа можат слободно да го сторат.

Обама смета дека е во ред и неговите пријатели и сите оние кои што сакаат да одат на овој голем спортски настан.

„Би рекол дека верувам во безбедноста на Сочи, а факт е дека ризикот при одржување на така големи меѓународни собири се’ уште постои“, рекол Обама во интервју за „Си- Ен- Ен“.