Обама: Вистина е, ги мачевме луѓето

Претседателот на САД, Барак Обама призна дека некои луѓе се мачени по терористичкиот напад во 2001 година, за да се дојде до важни информации. Обама вчера разговарал со рускиот колега Владимир Путин по што одржа и прес конференција.

На конференцијата, Путин меѓу останатото признал дека САД погрешиле во примената на тортурата  за да дојдат до информации од терористите по нападот на 11 септември 2001.

„Мачевме некои луѓе. Направивме некои работи кои се спротивни на нашите вредности, “ признал Обама, а пренесува агенцијата ДПА.

Тоа се случило за време на состојбата на зголемено ниво на безбедност по нападот во 2001 година  „ и важно за нас е премногу од тоа да не морализираме“ изјавил Обама кој за мачењето проговорел пред новинарите, бидејќи се очекува сенатскиот одбор да известува за техниките на испрашување на наводните терористи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.