Обама: Влогот на Русија е огромен

Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека за Русија е исклучително важно да го спречи тероризмот на Зимските олимписки игри во Сочи.

„Русите очигледно имаат огромен влог да спречат било какво вид на терористички акт или насилства на местата каде што ќе се одржуваат Игрите. За тоа вложиле многу ресурси“, рекол Обама.

Тој додал дека Вашингтон прави се’ што може да им помогне на спортистите да се чувствуваат безбедни, а бидејќи степенот на безбедност е постигнат на највисоко ниво пред самиот почеток на Игрите.

„Ние сме во константна комуникација со Русите и на ниво на органите на редот и на воено и разузнавачко ниво“, рекол американскиот претседател.