Свет

Обама: Војската на САД ќе и помогне на Африка во борбата против еболата

Обама: Војската на САД ќе и помогне на Африка во борбата против еболата

Американскиот претседател Барак Обама најави денеска дека САД ќе испратат воени средства и санитетски единици за поставување на карантини, за да и се помогне на африканските земји во борбата против епидемијата на ебола.

Според СЗО, повеќе од 2000 лица умреле од овој вируст во Африка, но според Обама најпогодените држави чинат значаен напредок во борбата против еболата.

„Тие ја немаат потребната здравствена инфраструктура.Затоа проблемот кој може да биде решен е надвор од контрола, бидејќи болните не се ставени во карантин како што треба да биде. Луѓето не се лечени како што треба,“ додаде Обама и ја најви помошта од САД.