Свет

Обама: За да закрепне грчката економија потребни се отстапки од „тројката“ кредитори

Обама: За да закрепне грчката економија потребни се отстапки од „тројката“ кредитори

Грчката економија не може брзо да заздрави доколку „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) не прифати отстапки за прашањето за долгот на Атина, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за телевизијата Си-Ен- Ен, пренесе ТАСС.

– Не може да се продолжува со притисок врз земја чија економија е во состојба на депресија. Порано или подоцна неопходно ќе биде да се предложи стратегија за економски раст, така што земјата да може да почне да го исплаќа својот долг, за да го намали дефицитот, рече Обама.

Според него, грчката економија „има очајна потреба“ од реформа, но во услови на криза тешко е да се реализираат радикални промени.

Тој изрази надеж дека Грција на крајот ќе успее да се договори со кредиторите и да остане во еврозоната. Според него, меѓутоа, за оваа цел неопходно е „сите страни да се согласат на компромис“.