Обама: Западот треба повеќе да се ангажира во борбата против еболата

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД, Барак Обама, денеска ги повика лидерите на западните земји повеќе да се ангажираат во борбата против епидемијата на ебола.

– Обама, на видео-конференција, ги повика лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Италија, да покажат поголема посветеност во глобалната борба во запирањето на епидемијата на смртносниот вирус, од кој досега починаа околу 4.500 лица, рече портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. 

Советот за безбедност на ОН предупреди дека еболата претставува закана по меѓународниот мир и безбедност и апелираше на сите членки на ОН и хуманитарни организации да „забрзаат и значително да ги зголемат ресурсите“ за борба против еболата, вклучувајќи парични донации.

Ова е првпат ОН да основаат мисија за одговор на некоја здравствена криза во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.