Обама заштитно лице на шверцувана вијагра

Американскиот претседател Барак Обама е заштитно лице на шверцувана вијагра од Пакистан, која моментално стана хит во светот.

Вијаграта украсена со ликот на Обама стана вистински хит на социјалните мрежи. Четири пилули вијагра со ликот на американскиот претседател чинат еден долар. Побарувачката за овие магични пилули е огромна.

Некои од лековите се проста копија, а некои содржат хемиски супстанци кои можат да предизвикаат сериозни проблеми.