Македонија

Обдукција на телата на терористите, доказите собрани од Диво насеље

Обдукција на телата на терористите, доказите собрани од Диво насеље

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор.

Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, „Здружување заради непријателска дејност”, а дел од групата и за кривично дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље” и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде Наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува.​