Свет

Обдукцијата на Литвиненко „една од најопасните досега во светот“

Обдукцијата на Литвиненко „една од најопасните досега во светот“

Обдукцијата на мртвото тело на рускиот дисидент, Александар Литвиненко, што ја извршиле експертите на британскиот Хоум Офис е означена како „една од најопсните што се направени досега во светот“, беше речено на вториот ден од јавната истрага за неговата смрт.

Литвиненко почина во болница во ноември 2006 година, дваесетина дена откако беше отруен со радиоактивен изотоп полониум, ставен во чајот што го испил во еден лондонски хотел, за време на разговорот со своите двајца поранешни колеги од КГБ-Андреј Луговој и Дмитри Ковтун.

Скотланд јард за убиството го осомничи Луговој, кој во меѓувреме стана пратеник на руската Дума (Парламентот) и побара од властите во Русија да биде екстрадиран во Велика Британија за сослушување.

Но руските правосудни власти го одбија таквото барање,а Луговој,како и Ковтун ги отфрлија сите обвинувања.

Лекарите кои го лекуваа Литвиненко првично не можеа да откријат што е причината за откажувањето на сите негови витални органи, додека не беше утврдено присуството на радиоактивниот отров.

Еден од лекарите кои ја извршил обдукцијата на денешното сослушување објасни дека тој и неговите колеги морале да бидат облечени во специјални скафандери и да дишат низ маски кои го филтрираат воздухот во салата,за да не бидат контаминирани.

Патолозите утврдиле дека полониумот ги уништил бубрезите и црниот дроб, ги нагризол коските и ги уништил сите внатрешни органи на жртвата. Според медицински експерти,во телото на Литвиненко се случила „вистинска мала атомска експлозија“.

Јавната истрага почна вчера во Вишиот суд во Лондон за да ја утврди вистината за смрта на Русинот и да открие дали навистина зад неговото убиство била руската држава. Првите сведоци во истрагата убиството веќе го нарекоа „нуклеарен тероризам“ а претставници на Скотланд Јард потврдија дека барањето за сослушување на Луговој, но и на Ковтун, и натаму е во сила.

Истрагата што британската влада долго време не ја одобруваше, доаѓа во време на силна антируска и анти Путин кампања во домашните медиуми, која е започната по случувањата во Украина.

Пролабуристичкиот „Гардијан“ пишува дека Литвиненко е жртва на една „нефункционална држава“ во која криминалот и политачарите се меѓусебно поврзани.

„Индепендент“ не крие дека истрагата за „нуклеарниот тероризам“ е насочена против претседателот Владимир Путин, додека „Тајмс“ најавува дека истрагата ќе потврди оти Литвиненко ќе ја откриеше сокриваната на Путин со тамошната мафија.

Проконзервативниот „Дејли телеграф“ остро го осудува „нуклеарниот тероризам“ тврдејќи дека гонејќи го Литвиненко, за да го убијат, неговите убијци ги довеле во ризик „илајдници лондончани“.

Јавната истрага е предвидено да трае девет недели.