Обдукцијата покажа како била убиена српската пејачка Јелена

Резултатите од обдукцијата на телото на српската пејачка Јелена Марјановиќ покажале дека таа била претепана до смрт со дрвен предмет, најверојатно палка.

Обдукцијата покажала дека Јелена очајно се борела за својот живот во саботата навечер и му пружила отпор на напаѓачот. Таа била претепана со дрвена палка, а од ударите во главата, на неколку места и бил пукнат черепот, по што дошло до обилно внатрешно крварење.

Како што дознава српскиот Ало, во истрагата се вклучени и полицијата и инспектори кои го проверуваат и нејзиниот Фејсбук и сите луѓе со кои таа се знаела и била во контакт.

– Јас знаев дека има и обожаватели, но дека има и заканувачки пораки. Не ги сфаќав сериозно, се смееше на нив, да знаев ќе ја заштитев, изјавил сопругот на Јелена, Зоран.

Јелена излезе во саботата со сопругот и ќерката, а потоа се одлучи да истрча еден круг, по шѓто го остави сопругот со детето за да си играат. Убиецот ја пресретнал, крвнички ја тепал, и ја усмртил, по што крвава ја фрлил во канал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.