Балкан

Обдукцијата покажа дека Стефан се удавил, а братот призна дека немало киднапирање

Обдукцијата покажа дека Стефан се удавил, а братот призна дека немало киднапирање

Резултатите од обдукцијата покаѓаа дека 12-годишниот Стефан од Банатска Суботица Србија се удавил, потврди српското МВР, пренесува Б92.

Како што пишува Б92, 9-годишниот брат на Стефан кој беше единствен сведок, признал дека момчето не било киднапирано и дека приказната ја измислил.

Повеќе детали српските медиуми најавуваат за подоцна.

Инаку, како што покажа обдукцијата, момчето, по кое се трагаше од саботата се удавило во каналот на реката Караш, недалеку од неговиот дом.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ денес изјави дека пронаоѓањето на телото на момчето укажува на тоа дека е многу малку веројатно дека воопшто станува збор за киднапирање.

Според неговите зборови, истрагата е отежната поради тоа што единствениот очевидец, братот на Стефан, тврдел дека детето било киднапирано од страна на три мажи со темен автомобил.