Обединети нации со резолуција за несреќата во Украина

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа резолуција за несреќата во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин најави целосна соработка за враќање на телата на жртвите, јави ИТАР-ТАСС.

Путин вети соработка од страна на Русија во разговор со холандскиот премиер Марк Руте.

Гласањето на предлог-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН е закажано за денеска во 15 часот по локално време, односно 19 часот по Гринич.

Предложената од Австралија резолуција повикува проруските сепаратисти да покажат неограничена соработка во истрагата и забранува манипулација на местото на несреќата.