Обединети за Македонија најавуваат тужба за клевета

Обединети за Македонија најавуваат дека ќе поднесат тужби за клевета и навреда против сите медиуми и новинари кои емитуваат, како што велат од партијата, нелегална снимка со претседателот Љубе Бошкоски на која наводно го продава името.

Од партијата велат дека снимката е измонтирана и дадена на телевизиите за да вршат замена на тези и да ја лажат јавноста.

Лудилото кое сака да се престави како „патритизам“  оди до таму што се тврди дека  Специјалното јавно обвинителство го штитела Љубе Бошкоски поради продажба на името, па затоа сега ги гони тие што го штителе името, па се  до тоа дека Љубе Бошкоски бегал при апсењето и ги навредувал полицајците и затоа била применета сила. Кој каде бегал, кој применил сила, а кој не, кој свесно лажел и манипулирал и кој го продавал името и местел судски спорови со заштитени сведоци јавноста секако ќе дознае за брзо време. Вистината е како шило, велат од Обединети за Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.