Oбештетeни лицата од поплавите во Штип

Владата на РМ ги исплати средствата кои беа поднесени од Општина Штип за обештетување на лицата кои имаа штети од полавите предизвикани со излевањето на река Брегалница на 25 и 26 февруари 2013 година, пренесува „1.мк”.

 Вкупната сума на обештетување изнесува 2. 625.212 денари. Станува збор за 117 лица, од кои правни субјекти се 10, а остатокот се физички лица. Најголем дел се граѓани од Ново Село кои имаа најголеми штети од излевањето на река Брегалница. 

На секој од нив му се одобрени по 15% од проценетата штети. Средствата се исплатени на подносителите на документите за обештетување во четвртокот минатата недела.