Македонија

Обезбеден логопед во Здравствен дом Крива Паланка

Обезбеден логопед во Здравствен дом Крива Паланка
Обезбеден логопед во Здравствен дом Крива Паланка

На почетокот од денешната седница во Собранието на Република Македонија наменета за поставување на пратенички прашања во делот во кој пратениците даваат образложение во врска со добиените писмени одговори кои ги поставувале на некои од минатите седници до претставниците од извршната власт, можноста и деловничкото право да се произнесе го искористи и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска.

Пратеничката Митовска своето писмено пратеничко прашање  кое го упати до Министерството за здравство во текот на овој месец во врска со обезбедување на логопед во Крива Паланка кој што ќе доаѓа еднаш или два пати неделно во здравствениот дом и кој што ќе може да изведува логопедски третмани со кој што ќе се овозможи надминување на неправилностите на говорот кај дечињата.

Во врска со нејзиното барање за обезбедување на логопед во Крива Паланка таа на почетокот ја образложи потребата од логопед и преку поставеното пратеничко прашање побара тоа што побргу да се обезбеди.

-Досега во Крива Паланка немаше вработено ниту еден логопед и имаше јавен конкурс за вработување на логопед, но за жал ниту еден заинтересиран кандидат не се пријави. Голем број на семејства чии што дечиња имаат проблем со говорот беа принудувани дечињата да ги носат во Скопје за да остварат еден третман и имаа големи патни трошоци, губеа време за да дојдат во Скопје, нагласи Митовска.