Обезбедена е контрола на кадровското работење на новиот министер за внатрешни работи

Обезбедена е контрола на кадровското работење на новиот министер за внатрешни работи. Никој нема да може да биде исфрлен или сменет од министерството за внатрешни работи ако тоа не е по закон, нагласи премиерот Никола Груевски по завршувањето на синоќешната лидерска средба на која беше финализиран Договорот од Пржино.

Се усогласи и законот за Влада, во кој што она што е клучно е дека никој нема да  може да биде исфрлен од работа од МВР или пак сменет, а да не е тоа по закон. Значи мора да се работи исклучиво по закон. Дури некој ако го прекрши законот и биде сменет, новиот што ќе биде назначен ќе добие од дополнителниот заменик министер за Внатрешни работи ќе добие дополнителен заменик кој што ќе има право на вето. Така што на некој начин ќе се обезбеди контрола на кадровското работење на новиот министер, во смисла да не се претвори МВР во партиска испостава на една политичка партија, посочи премиерот.

Тој напомена дека се усогласени и Законите за нелегалните материјали и за „свиркачите“, со тоа што тие ќе се усвојат заедно со Законот за Влада и Законот за избори .