ТОП,Македонија

Обезбедени се средства за кандидатите на МВР

Обезбедени се средства за кандидатите на МВР

Ваквата реакција доаѓа откако техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, на нивно барање, се сретна со претставници на 34 кандидати за полициски службеници кои ја поминаа соодветната обука во класата 2015/16, но не се ангажирани во МВР.

Како што соопшти МВР, Спасовски им соопштил дека целосно стои зад нивните барања и оти ја имаат неговата поддршка за ангажирање во МВР, но, потенцирал, за тоа да се реализира потребна е согласност и од Министерството за финансии.

– Уште еднаш ќе го доставам барањето до Министерството за финансии, а ќе доставам барање и за 54 кандидати од последната обука, кои исто така не се ангажирани. Веднаш штом добиеме согласност од министерот за финансии, ќе бидете ангажирани, рекол министерот Спасовски.

Сепак, лагите и манипулациите на Спасовски излегоа на виделина откако министерство за финансии соопшти дека има обезбедено средства за сите кандидати во МВР