Македонија

Обезбедни над 1.000 помагала за слепите лица

Обезбедни над 1.000 помагала за слепите лица
Обезбедни над 1.000 помагала за слепите лица

Нови говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни толомери и часовници, часовници на брајово писмо, добија слепите лица, како донација од Министерството за труд и социјална политика.

Нови говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни толомери и часовници, часовници на брајово писмо, добија слепите лица
Нови говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни толомери и часовници, часовници на брајово писмо, добија слепите лица

Годинава ќе издвоиме околу 1 милион денари за околу 800 примероци на помагала кои ќе им користат на слепите лица членови на Националниот сојуз на слепи лица. Се работи за говорни мерачи за притисок, за шеќер во крвта, индикатори за течност, говорни топломери и часовници, часовници на брајово писмо, кои треба да им го олеснат животот на слепите лица, рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Како Влада, додаде Спасов, изминатиот период покажавме огромна грижа за лицата со инвалидност.

За сдепите лица го воведовме додатокот за потполно слепило од 7.000 денари месечно кој во моментов го остваруваат над 2.500 лица. Го зголемивме и посебниот додаток за децата со инвалидност за 50 проценти за оние кои имаат самохрани родители и за 25 проценти за семејствата кои се приматели на социјална и постојана парична помош, рече Спасов.

Изразувајќи благодарност за помошта што Владата  во изминатите години ја дава на лицата со инвалидност претседателот на Националниот сојуз на слепите лица Жарко Салкоски истакна дека за потребите на слепите лица се обезбедени над 1.000 помагала кои, како што рече, им помагаат да се осамостојат.

Додаде дека е планирана е набавка на леќи на слабовидните лица кои ќе им користат за читање, образование и воопшто во секојдневниот живот.

Верувам, посочи Салкоски, дека вакви проекти ќе има и натаму и ќе може да набават уште помагала со кои ќе се олесни животот на слабовидните и слепите лица.