ВИДЕО: Како обезбедувањето на Ердоган се пресметува со жени?

Личното обезбедување на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган покажа бруталност кон една група жени кои протестираа за време на неговиот говор на еден собир во Еквадор.

Три активистки почнале за време на говорот на Ердоган да викаат: Убиец! Убиец!

По ова меѓу седиштата упаднаа припадниците на обезбедувањето и почнаа да ги влечат жените и да ги туркаат од салата. Жените, инаку протестирале поради турската воена интервенција против Курдите.

Погледнете го видеото!