(ВИДЕО) Обезглавен човек при исламистички напад во Франција

Еден човек е обезглавен, a неколкумина се повредени во исламистички напад на фабрика во близина на францускиот град Лион.

Неколку мали експлозивни направи, исто така, се отстранети од  фабриката.

Наводно, напаѓачот носел исламистичка знаме, кое било пронајдено во близина.

Споеред официјални лици, едно лице е уапсено, а министерот за внатрешни работи, е на местото на настанот. Осомничениот кој е уапсен во моменот е на распит, но како што информираат француските медиуми, тој одбивал да зборува.

Се работи за Јасин Сали, 35-годишен, кој бил во контакт со „салафистичко движење“, рекол францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казнев во соопштението до јавноста.

Тој бил забележан како радикализирано лице, но не е познато дали имал какви било контакти со терористи.

Казнев информираше и дека во престрелката загинал еден од напаѓачите.

Тој додаде дека полицијата во 2006. за Сали отворила досие поради сомнеж за поврзаност со радикална салафистичка група. Неговото следење престанало во 2008. година.

Според известувањата во француските медиуми, жртвата не била вработена во фабриката.