Идентификувано обезглавеното тело најдено кај пруга

Обезлавеното тело најдено кај пруга во Белград е идентификувано. Како што пишува српски „Курир“ безживотното тело на 50-годишниот Драго М. утрово било најдено на пругата неколку метри пред желзничкиот мост од страната на Нови Београд.

Обезглавеното тело утрово околу 7.10 часот во улица Бродарска го пронашол диспечер кој веднаш повикал полиција.

Порталот, повикувајќи се на сопствени информации од истрагата пишува дека Драго најверојатно настрадал кога се сопнал и паднал врз шините, а во тој миг врз него налетал воз. Сепак полицијата не ја исклучува можноста дека се работи за самоубиство.

Настраданиот и е познат на полицијата од порано.
Настраданиот и е познат на полицијата од порано.

Телото инаку било пронајдено обезглавено. Главата била пронајдена неколку метри подалеку од местото каде се наоѓало телото. Полициајците го идентификувале мажот со помош на пасошот што тој го имај себе, а според податоците во исправата тој е пријавен на Старо Сајмиште.

Телото на настраданиот е пренесено на обдукцијам за да се утврди и времето на смртта, а полицијата претпоставува дека Драго настрадал во текот на изминатата ноќ.

Инаку, настраданиот и е познат на полицијата од порано, откако соседите го пријавувале за нарушување на јавниот ред и мир, како и за кражби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.