Петков: Најударното име во целата шема на обезличувањето на Македонија е Шеќеринска

Најударното име во целата шема на обезличувањето на Македонија е Шеќеринска. Таа се пронаоѓа секаде. Шеќеринска во СДСМ и нејзината екипа имаат толку голема моќ кој и да дојде претседател, тие го фаќаат во канџи, истакна Никола Петков во емисијата на Миленко Неделковски.

Ваква криминална екипа во историјата немаме детектирано. Порано за грабеж врз македонскиот народ кој оди во приватни џебови се добивало куршум во чело, тоа е дел од нашата историја за време на организацијата, а и подоцна. Ова е класична црвена буржоазија, впрочем ова се нивните потомци кои сега се во СДСМ. И принципот на работа им е ист. Историјата нив секако ќе ги гледа како луѓе кои ја обезличиле прво Македонија, а потоа ги враќаа долговите од оние кои им помогнаа прво да дојдат до власт, потоа да земаат мито, па да ја сменат  територијалната поделба. Сето тоа е враќање на долгови на СДСМ за да дојде на власт. Мене многу повеќе ме загрижува јас кога читам нешто тоа го научив и на факултет. Професорите ми викаа кога решаваш некои историски случаеви, гледај ги како полицијата кога разрешува случај, значи со правење на некаква шема. Еве јас си правев шема  додека мислев на целава работа и најударното име во целата шема ми е мене Шеќеринска. Таа се пронаоѓа секаде. Шеќеринска во СДСМ и нејзината екипа имаат толку голема моќ кој и да дојде претседател, тие го фаќаат во канџи. Ако не успеат да го фатат да работи по нивна, го шутираат, го млатат до крај. Значи таа е таа екипа која има моќ. Не Заев. Заради таа екипа не можат да дојдат во СДСМ некои нови дечки коишто се стварно ок, вистинска левица кога ќе работат, зашто Шеќеринска веднаш ќе ги зароби. Доколку не работи по нејзино го шутира, го прави мајмун пред цела јавност. Друга работа, овој период за кој ние зборуваме Шеќеринска е вицепремиер за евроинтеграции. Овој период ние не добивме ниту препорака од ЕУ, денеска ни се смеат за препораките кои ги добивавме. Не добивавме препорака за преговори, а станавме земја кандидат знаеме заради која работа и уште пострашно е што таа била во комбинација со Кондоминас. Значи верувајте грчката држава знаела што прави нивниот бизнисмен и какви пари овдека подмитувал помеѓу македонските политичари. Тука има многу битен момент. Грчката држава многу добро знае да го искористи тој човек кој подмитува македонски политичари за да ги избутка нивните интереси во спорот со Македонија. Значи токму во тој период избувнува СДСМ и после тоа за време на самитот на НАТО во 2008 година беа најгласните за промена на името за на крај Шеќеринска да ни каже изгласајте ме мене. Истава оваа жена која го работи ова. Изгласајте ме мене, јас за 6 месеци ќе ја внесам Македонија во Европската унија. Шеќеринска е една од ретките политичари кој најдолго вирее во македонската политичка сцена. Уште во времето на СДММ кога била Социјалдемократска младина ја имавме гледано на оние дебатни емисии со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за време на протестите кои ги водеше Филип Петровски. До ден денеска таа е во чело на СДСМ, истакна тој.