Обични работи кои во некои земји се забранети

Детска проодувалка, кукла за во бутик, четки за бричење се само некои од забранетите работи во одредени држави. Тие се исфрлени од употреба од културни, религиски и политички причини.

Француско сирење

Како одговор на санкциите на западните земји во врска со украинската криза, руските власти во август минатата година забранија увоз на одредени производи од земјите на Европската унија, САД и сите останати западни земји кои беа вмешани во спорот.

Детска проодувалка не се користи во Канада

За време на едно истражување во 2004. година, канадските научници утврдиле дека проодувалките, поради тоа што на детето му овозможуваат поголема мобилност, може да предизвикаат бројни повреди, вклучувајќи и повреди на главата, фрактура, па дури и смртен исход.

Кукла за бутик не е дозволена во Иран

Како одговор на се поголемото влијание на Западот, Иран во 2009. година го забрани изложувањето на сите женски пластични кукли кои поседуваат изразени облини и не носат хиџаб.

Во Северна Кореја се забранети џинс панталони

Во Северна Кореја сините џинс фармерки се сметаат за симбол на САД, па носењето на овие панталони се смета за нелегално.

Во Сингапур не џвакаат мастика

Поседувањето и џвакањето мастика никогаш не било легално во Сингапур. Увозот на мастики во земјата е забранет во 1992. година.

Во Сент Луис не смеат да се бричат со јапонски четкички

Поради скандалот со контаминација на четки со антракс , кој се случил кон почетокот на 20. век, во оваа земја дури и денес е забранет извозот и увозот со Јапонија.

Во САД е забрането киндер јајцето

Слаткото киндер јајце со изненадување е забрането во САД од безбедносни причини – се смета дека малите деца би можеле да се задушат од пластичните делови на играчката.