Обид за братоубиство во Велешта

На 22 февруари годинава, околу 23 часот, А.Н.(44) од Велешта по претходна расправија најнапред физички го нападнал неговиот брат Б.Н., а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал. Веднаш потоа А.Н. влегол во своето патничко моторно возило марка „мерцедес“ и избегал од местото на настанот. Повредениот Б.Н. е пренесен во општата болница во Струга.

По преземени мерки на 10 март А.Н.  е пронајден и приведен. Против него е поднесена кривична пријава, за сторено казнено дело „убиство во обид“ за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.