Обид за двојно убиство во Македонска Каменица

Четириесет и шест годишниот В.М., жител на село Луковица, кај Македонска Каменица, е уапсен и осомничен дека со ловна пушка стрелал во неговите соселани В.М.(39) и А.К.(19).

Како што соопшти МВР, настанот вчера во 12:25 часот во полицијата во Македонска Каменица го пријавила З.М.(35) од с.Луковица.

Повредените лица веднаш биле пренесени во Медицински центар Кочани, од каде поради сериозноста на повредите биле препратени до Клинички центар Скопје.

Приведениот осомничен за инцидентот е задржан во полициска станица Делчево за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.