Обид за киднапирање на двегодишно дете на плажа во Омиш, Хрватска

На плажа во хрватското место Омиш, за сега непознати странски државјани се обиделе да киднапираат двегодишно момченце, пишува Јутарњи.хр. Киднаперката ја искористила гужвата, детската заиграност и моментот на невнимание на родителите па го грабналa малиот и се упатила во непознат правец.

Постарото девојченцето со кое момченцето си играло на плажата, забележало дека непознато лице го земало детето па дотрчала до својата мајка на која и кажала дека некоја тетка го однела момчето.

„Сопругата со нејзината пријателка отидоа на пијалок. Ги земаа и децата. Како и многупати до тогаш, седнаа во кафулето на плажа. Децата се заиграа во песочното игралиште во близина. Мојата сопруга отишла по сладолед и во тоа време започна да се одвива драмата,“ изјавил таткото на момчето.

Мајката на девојчето започнала да го бара, бидејќи детенцето имало црвена косичка лесно го забележала во прегратките на странската државјанка која со момчето се оддалечувала и се приближувала до паркингот.

Жената во тој момент се страчала го земала детето од рацете на киднаперката, на што истата само се насмеала.Во автомобилот на паркингот ја чекале уште една жена и двајца мажи.

„Жената која без никакво објаснување го зема мојот син има околу 45-50 години, била истетовирана по рацете и којзнае каде е сега. Нејзините мотиви ни се непознати, но се исто ги предупредуваме луѓето, бидејќи за секунда може се да се случи, “ изјавил таткото на детенцето.

Во тек е истрага за овој случај во Хрватска, што ја вознемири јавноста.