Обид за киднапирање во Црна Гора

Црногорската полиција трага по две непознати лица кои во вторникот се обиделе киднапираат 15-годишно девојче со иницијали Н.К. од Цетиње. Обидот за киднапирање се случил напладне, во улицата Пека Павловиќ недалеку од основното училиште „Ловќенски партизански одреди“.

Таткото на девојчето М.К. полицијата ја известил два часа подоцна. Тој рекол дека со сопругата бил во Подгорица, кога дознал што се случило. „Ќерката ми рече дека тргнала во продавница, кога забележала автомобил без регистарски ознаки, бела боја – караван, кој полека и се приближувал одзади, вели М.К.

Рече дека ќерката му рекла дека помислила возилото ќе запре пред блискиот контерјнер. „Ми рече дека во колата имало две машки лица, едно зад воланот, друго на задното седишто. Токму тој од задното, ја отворил вратата и го фатил девојчето за левиот лакт и почнал да го влече во автомобилот, вели М.К.

-Во тие моменти, 15-годишното девојче го удрило киднаперот со телефонот кој го држела во другата рака и успеала да се отргне и побегне, вели таткото.

М.К. истакна дека во последните два дена му се јавувале голем број Цетинчани, загрижени за своите деца по овој инцидент. „Во контакт сме со полицијата, се надевам дека наскоро ќе ги пронајдат, пишуваат подгоричките весници.