Обид за воен преврат во Турција: Како се предаваа војниците (ВИДЕО)

Најмалку 190 мртви, 1.200 ранети и над 2.800 уапсени… Ова е билансот од неуспешниот воен удар во Турција. На генералите ќе им се суди за велепредавство, а дел од бунтовниците уште се во Генералштабот.

Најмалку 190 лица за гинаа во обид за воен пуч што беше организран од дел од турски официри вчера со желба да се собори власта на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

-Меѓу загинатите се 41 полицаец, двајца војници, 47 цивили и 104 учесници во заверата, изјави турскиот генерал Умит Дундар. Тој рече дека во обидот за државен удар се уапсени 1.563 војници. Ранети се 1.200 лица.

Според најновите податоци уапсени се 2.800 лица.

Припадниците на турската војска што учествувале во обидот за државен удар, околу 150 утрово сеуште беа во комплексот на Генералштабот на вооружените сили. Тие побарале преговори за

Како што пренесува Анадолија, се работи за делови од војската лојални на терористичката организација за која што се тврди дека ја предводи Фетула Ѓулен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.