Обида за атентат врз српскиот премиер?

Автомобил „Шкода суперб“ со полна брзина вчера попладне се судри со возило „Ауди“ од колоната на премиерот Александар Вучиќ во Белград.

Српскиот премиер не е повреден, а истрагата за инцидентот е во тек.

Возилото „Шкода суперб“ е во сопственост на Управата за заеднички работи на Владата на Србија, а возачот бил вработен таму.

За време на несреќата улицата по која поминувала колоната била под посебно полициско обезбедување бидејќи претходно било најавено поминувањето на премиерот Вучиќ. Во текот на судирот на улицата биле распоредени седум припадници на сообраќајната полиција.