„Обиди да се наруши имиџот и елиминација на Ердоган“

Турскиот вицепремиер Емрулах Ишлер го оцени корупцискиот скандал во земјата како обид за да се наруши имиџот на премиерот Реџеп Таип Ердоган, објави новинската агенција „ДХА“.

„Сите ние ги набљудувавме обидите за нарушување на авторитетот и имиџот на Реџеп Таип Ердоган, што започнаа уште во 2012 година и го достигна својот зенит за време на настаните во паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул, во летото минатата година. Оттука, станува збор за една однапред планирана акција. Круговите што досега не успеаја да ја претворат операцијата од 17 декември во политичка криза, веќе провоцираат една нова, уште поголемата економска криза. Таа нова криза лично јас ја оценувам како обид да се ослободат од сегашната владејачка Партија на правдата и развојот (АКП ), во Турција и конкретно од премиерот Реџеп Таип Ердоган“, посочил уште новиот турски вицепремиер Емрулах Ишлер, пренесува „ДХА“.