четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Обиколницата отворена, се препорачува внимателно возење

obikolnica

Поврзани вести

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Тоа особено важи низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

АМСМ потсетува дека сообраќајот на скопската обиколница од 9.08.2016 е нормализиран и пуштен за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести