Обиколницата Скопје пуштена за сообраќај

Обиколницата Скопје која беше поплавена и оштетена во невремето во саботата, од синоќа е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На оштетените делови од коловозот се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.