Обил возило и украл пиштол

Вчера околу 12 часот во Скопје, на ул.„Христо Татарчев“,  на паркинг простор непознат сторител со употреба на физичка сила ја откорнал рачката на левата врата, а потоа со погоден предмет делувал на вратата од ПМВ „фолксваген голф“ со сопственост на С.С.(55) од Скопје, информира полицијата.

Разбојникот влегол внатре, извршил пребарување, при што од задното седиште одзел машка ташна во која имало пиштол марка „Црвена Застава“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.