Обилни врнежи во јужните и западните делови од земјата

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, а на повисоките места во западните делови од дожд и снег. Се очекува особено обилни врнежи да има во јужните и западните делови на земјава каде ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен воден талог. Повремено ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, но со послаб интензитет.