Обилни врнежи од дожд за време на продолжениот викенд

Денес не очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а утре и задутре се очекуваат обилни врнежи од дожд.

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд не очекува и денес. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 16 до 21 степен.

Во Скопје слично време

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Обилни дождови за време на продолжениот викенд

За време на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат претежно облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни.

Обилни дождови за време на продолжениот викенд
Обилни дождови за време на продолжениот викенд

Во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, а во недела повремено засилен југоисточен ветер.

В понеделник врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет, особено претпладнето.