Обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег

Обилни врнежи од дожд не очекуваат во текот на денешниот ден. Како што информира УХМР, територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од нов влажен бран  со врнежи од дожд,  кои на места ќе бидат пообилни и над 35 литри на метар квадратен.

Обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег
Обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег

Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб ветер од северен правец.