Обилни врнежи од дожд попладне и вечерва

Ообилни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните и вечерните часови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Во западните и северозападните делови наместа се очекува да наврнат околу  50 л/м2 воден талог, соопшти УХМР.

Утре во  претпладневните часови се уште  ќе има слаби и локални врнежи од дожд, а во текот на денот постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен и западен  правец, а во јужните делови повремено ќе се засилува.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.