Обилни врнежи од снег во Атина

Во поголемиот дел од Грција денеска се регистрирани многу ниски температури и обилни врнежи од снег, кои се очекува деновиве да преминат во дожд поради временски влијанија кои доаѓаат од запад.

Во Атина некои автобуски линии не работат поради снег и лапавица на улиците, а некои патишта во северните делови на градот ќе останат затворени.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, училиштата и градинките во грчкиот главен град денеска поради мразот ќе бидат затворени, соопштија синоќа локалните власти. Тие, исто така ги повикаа Атињаните да го ограничат свoето движење за да се избегнат несреќи и заглавувања во снегот.

– Општината е подготвена да ги заштити бездомниците, а наши екипи фрлаат сол по улиците за да се обезбеди пристап до болниците, се додава во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.