Обилниот снег ја блокираше Турција

Поморскиот сообраќај во реонот на Истанбул од утрово е во прекин, поради невремето проследено со силен ветер со брзина и до 60 километри на час, што го зафати подрачјето на Мраморното Море, пишува МИА.

Како што објави весникот „Милиет“, поради обилните снежни врнежи прекината е наставата во училиштата во неколку села во окрузите Гиресун, Карабик и Орду во северна Турција.

Според весникот, во многи реони во тој дел на Турција е формирана дебела снежна покривка, која во зимскиот туристички центар Улудаг во реонот на Бурса, на места достигна и до три метри.