Обилните дождови ја излеаа Крива река

Водостојот на Крива река во атарот на селото Шопско Рударе е на критично ниво и се заканува да поплави ниви, бавчи и куќи кои се наоѓаат во близина на течението.

Добра вест е што по обилните врнежи утринава не врне, а метеоролозите најавуваат затоплување и дожд со намален интензитет, пишува порталот Абераџија од Кратово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.