Обивале автомати за кафе низ Охрид и „заработиле“ 10.000 денари

Две момчиња од Охрид насилно отворале автомати за кафе од каде што украле околу 10 илјади денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дваесет и едногодишниот Р.Ф. и четири години помладиот Д.Т., во период од 25-ти март до четврти април, насилно отворале кафемати низ Охрид од каде што украле околу 10 илјади денари.

Полицијата против нив поднесе кривична пријава за тешка кражба.