Објавен извештајот на Немцов за руската војска во Украина

Во борбите на истокот од Украина минатата година загинале најмалку 220 руски војници, се наведува во истражувањето што го започна рускиот опозиционер Борис Немцов, кој беше убиен на 27-ми февруари годинава во центарот на Москва.

Во извештајот на Немцов се наведува дека војниците се ослободени од нивните должности и дека се наведени како доброволци.

Извештајот од 64 страници е составен од сведочења на очевидци од медиумските известувања и информации што биле собрани од страна на Немцов, вклучително и оние што тој ги добил од роднините и другите претставници на загинатите војници.

Руското Министерство за одбрана негира дека руски војници се борат во Украина, тврдејќи дека Русите што се борат на страната на сепаратистите се доброволци.