Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на руралниот развој

Објавен е повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за мерките „Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини“ , „Обнова и развој на селата“, како и мерката „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“.

Според соопштението на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, крајниот рок за доставување на барањата е 15. Јуни 2015 година.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а се исплаќа по принцип на финансирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата. Средствата, по барање на корисникот, може да се доделат во вид на авансна исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или на две рати или, согласно фазите на реализација на инвестицијата, врз основа на времени ситуации од надзор или документација за набавка на опрема.

Право на користење средства имаат единиците на локалната самоуправа-рурално подрачје, општините на чија територија се наоѓа руралната средина за која се однесува инвестицијата и централните плански региони и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија.

Детални информации може да се добијат во контакт центарот на Агенцијата, на телефонот (02) 3097-460, или на електронската адреса.