Македонија

Објавен конкурсот за наградата „Св. Климент Охридски“

Објавен конкурсот за наградата „Св. Климент Охридски“

Министерството за култура денеска го објави конкурсот за пријавување за наградата „Св.Климент Охридски“. Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Паричниот износ на наградата изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Според пропозициите, иницијатива за нејзино доделување може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани, со приложување подробно образложение.

Иницијативите треба да се достават на адреса на Министерството за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Македонија.