Објавен кварталниот извештај за јавни набавки на Општина Штип во 2015

На веб страницата на Општина Штип, објавени се постапките за јавни набавки во периодот од јануари 2015 до април во тековниот период годинава. Станува збор за тековни постапки кои се завршени и кои се објавени во делот за јавни набавки на веб страницата на Општина Штип.

Објавувањето на тендерите за првиот кавратал е дел од заложбите на локалната самоуправа за транспарентно и отчетно работење.

– Во изминатиот период општинaта објавуваше шестмесечни извештаи, но заради зголемениот обем на проекти а со самото тоа и на постапките за јавни набавки, локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи со брзо и транспарентно објавување на сите постапки во почести интервали. Градоначалникот на штип даде иницијатива по завршување на секоја тендерска постапка истата веднаш да се објави на веб страницата на Општина Штип, да не се чекаат соодветни циклусни периоди, туку секојдневно да има увид во сите постапки – изјави Даган Ристов, советник з аодноси со јавност.

Во споменатиот период реализирани се околу 20 тендерски постапки од различна област. Станува збор за завршени тендерски постапки а во тек се уште десетина други.