Објавен личниот дневник на Осама бин Ладен

Компјутерот откриен во акцијата на американските специјалци во која е убиен лидерот на исламистичката терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, содржел колекција видеа, вклучително и цртани филмови, неколку холивудски филмови и три документарни филмови за водачот на исламистичаката терористичка мрежа Ал Каеда, а американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во средата го објави и неговиот личен дневник.

Сите записи во дневникот, поставени на интернет страницата на Агенцијата, се рачни пишувани на арапски јазик.

„Покрај компјутерските датотеки и дигиталните документи, запленети во текот на рацијата во пакистанскиот град Аботабад во мај 2011 година, CIA пронајде дневник кој содржи записи кои бин Ладен ги направил непосредно пред загинувањето“, се вели во воведниот текст.

Станува збор за фотокопии направени веднаш по запленувањето, додава агенцијата.

Листата со видеа, пак, е дел од датотеката која во среда CIA ја објави од вкупно 470.000 документи од компјутерот запленет на 2-ри мај 2011 година, во операцијата во засолништето на Осама бин Ладен во Аботабад во Пакистан.

Ова е четврта група материјали пронајдена на утврдениот имот каде се криел бин Ладен со семејството, којашто американската влада ги објавува од мај 2015 година.

Некои податоци останале калсифицирани поради заштита на националната безбедност, дел се однесуваат на порнографска содржина, а дел не смеат да се објавуваат поради заштита на авторските права.

Меѓу пронајдените повеќе од дваесет видеа се „Мравки“, „Автомобили“ и други цртани филмови, видео игрите „Final Fantasy VII” и „Каде се крие Осама бн Ладен“ и два документарци за водачот на Ал Каеда, наведува CIA.

Другите документи вклучуваат 18.000 документи, 79.000 аудио снимки и фотографии, како и повеќе од 10.000 видео инсерти, кои ги собирала Ал Каеда за различни цели. Објавени се и фотографии на помладиот син на Осама, Хамза бин Ладен, „домашните видеа“ на Ал Каеда, изјави на водачот и џихадистичка пропаганда.

Од CIA соопштија дека материјалот дава увид во та како настанале разликите меѓу Ал Каеда и Исламската држава, несогласувањето меѓу Ал Каеда и нејзините сојузници и проблемите со коишто организацијата се соочила по ликвидацијата на Осама бин Ладен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.